ФОТО: Исмејуваат криминалец на социјалните мрежи поради тетоважата на челото

 

Маж од Индијана со тетоважа “криминалот се испати“ на челото, е уапсен вторпат од декември минатата година.

Доналд Мери (38) е уапсен вчера после кратка полициска потера низ неколку улици, пренесува „WTWO“.

Обвинет е за отпор при апсење, поседување метамфетамин и кражба на автомобил.

Мари се појавил во епизода на телевизиското шоу „Live PD“, на крајот на ноември откако ѝ побегнал на полицијата која забележала дека вози без светла.

Полицијата вели дека Мари се забил со автомобилот во дрво, пред да избега трчајќи. Во автомобилот го оставил совозачот кој на полицијата ѝ рекол дека не го знае неговото име.

Пуштен е од затвор, а неговата фотографија предизвикала многу реакции на социјалните мрежи.

„Каква иронија“, е само еден од коментарите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега