Како мирисот на саканата личност ни помага?

 

Ако спиете во маица од вашиот партнер ќе заспиете побрзо и нема многу да се превртувате во креветот.

Во неодамнешното истражување, во кое учествувале 155 доброволци, прибрани се многу интересни податоци. Имено, сите испитаници се во долги, сериозни врски,а  целта на студијата била да се дознае во каков се односот на квалитетот на сонот и мирисот на нивниот партнер.

Испитаниците една вечер во рамки на истражувањето, спиеле во неносена маица, додека другата нож во маица на својата сакана личност. Нивните партнери имале задача својата маица да ја носат 24 часа без престан, па потоа биле ставени на мраз за да не загуби нивниот мирис.

Резултатите од студијата покажува дека испитаниците побрзо заспале и имале поквалитетен сон кога носеле маица на својот партнер. Докторката Марлиз Хоуфер, водејчки автор на ова истражување, тврди дека мисирот на саканата личност, во овој случај, има еднакво дејство како и мелатонинот, кој се користи како средство за мирен сон.

Интересно е што на испитаниците претходно не им било кажано која маица ја носат за време на од ножта. Според податоците на истражувањето, тие помалку се превртувале во креветот тогаш кога биле изложени на мирисот на саканата личност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега