88-годишна жена дала 232.000 денари на измамник што тврдел дека ќерка ѝ прегазила дете
На 10.06.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од едно лице за сума од околу 232.000 денари.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во странска земја во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
11.06.2025 - 14:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа