Се огласи творецот на куклата која сее страв - Родителите поради неа во паника
Куклата која сее страв и ги тера дечињата на Интернет да прават ужасни работи, Кесике Аисо, за „The Sun" вели дека неговата играчка не ни требало да постои толку долго и дека веќе е мртва, па родителите немаат причина и место за грижа.
Ја правел за национална изложба во Јапонија, а ја нарекол „мајка-птица".
По излегувањето на куклата на Интернет, сега неговата галерија добива и смртни закани. Од оваа играчка настана Момо предизвикот кој децата ги тера на ужасни и злобни работи, дури и самоубиство. Суштеството им дава инструкции на децата што лошо да направат.
Основачот вели жал му е поради паниката која се создала, куклата требало да е страшна, но не и да направи паника или самоубиства и да се искористи за предизвици од таков тип. И самиот бил запрепастен за какви цели се употребила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа