За севернокорејскиот лидер се знае многу, а ова се неколку работи кои не сте ги знаеле за неговта сопруга

 

Таа секогаш е во сенка на својот авторитетен сопруг, но сепак се обидува да влијае врз него за подобрување на животот на жените во Северна Кореја.

За приватниот живот на суровиот диктатор на Северна Кореја Ким Џонг Ун се знае многу малку, па токму затоа и неговата сопруга Ру Сол Џу е мистериозна фигура.

Таа ретко се појавува во јавноста и за разлика од сопругите на другите владетели на држави, нејзиното име речиси и не се појавува во медиумите.

Неколку интересни факти за сопругата на севернокорејскиот диктатор:

Таа е ќерка на интелектуалци

 

Родена е во приморскиот град Chongjin во семејство на учител и докторка. Нејзината година на раѓање е од 1985 до 1989 година, но не се знае точно.

Била навивачка во младоста

Пред да се омажи за лидерот таа студирала на најголемиот универзитет во Северна Кореја Kim Il Sung University, кој се наоѓа во Пјонгјанг.

 

Во 2005 година ја посетила Јужна Кореја, како член од делегацијата за поддршка на севернокорејските атлети.

Ли Сол Џу краток период учела соло пеење во Кина и Ким Џонг Ун за првпат ја забележал за време на една изведба со државниот оркестар, каде учествувала и таа.

Се верува дека родила две ќерки, отприлика во 2010 и 2013 година и син во февруари 2017.

Кружат гласини дека раѓањето на трето бебе не било нејзина желба, ѝ било наложено да го стори тоа за државата да добие наследник.

Ли Сол Џу е првата сопруга на лидер во Северна Кореја која ги прекршува правилата.

Таа е првата што храбро ја потстрижала косата куса. Сите први дами пред неа носеле долга коса.

Има страст за светски модни брендови, како Chanel и Dior и си дозволува да носи парчиња од нив.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега