Последен пат го правиме ова: Се поместуваат стрелките на часовникот

 

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Инаку, ова е последен пат да ги поместиме стрелките. Претставниците во Европскиот парламент гласаа за предлогот на Директивата за укинување на поместувањето на часовникот, условен од промената на годишните периоди и ставањето вон сила на Директивата 2000/84 / ЕЗ на пленарната седница во Стразбур.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега