Била милјардерка а сега е откриена нејзината измама- најомразена жена во Америка заведе младо момче
Елизабет Холмс во 2003. година имала само 19. години кога на својот ментор на Универзитетот Стенфорд му претставила револуционерна метода за анализирање на крв.
Наводно крвта можела да се прегледа од само една капка од врвот на прстот, а благодарение на компанијата „Теранос”, која ја основала, Елизабет станала најмлада милијардерка на светот со 3,6 милијарди долари.
Сепак, било утврдено дека станува збор за измама и ѝ се заканува казна затвор од 20 години.
Како тоа да не е доволно, овие денови Елизабет повторно е во центарот на вниманието.Иако би можела да се најде зад решетки, закажала венчавка со своето седум години помладо и доста богато момче Били Еванс, но ако потенцијалната затворска казна не и е пречка, тогаш неговите родители се.
Како што се наведува, окружувањето на Били не било баш воодушевено од неговата врска. Некои пријатели и колеги дури сметаат дека тој се однесува како „да му е испран мозокот”.
Еванс одбивал да поверува во обвиненијата за неговата вереница, тврдејќи дека медиумите не се во право. И покрај негодувањето на неговите родители, парот ги продолжува подготовките за венчавката, а поканите биле пратени пред две седмици.
Инаку, пред да се запознаат, Еванс важел за плејбој кој живеел во луксузна вила. Неговите дедо и баба основале група за управување со хотели „Еванс Хотелс”. Постојат три недвижнини во Сан Диего со кои раководи оваа група, а работата е поделена меѓу пет членови на семејството Еванс. Били студирал економија, а некое време минал и во Кина.
Девојки му биле модели од Инстаграм, а и самиот бил опседнат со социјалните мрежи. Сепак, своите профили ги деактивирал по приказните за свршувачката.
Медиумите пренесуваат дека Били и Елизабет се запознале на една забава во 2017. година. Средбата очигледно му оставила голем впечаток, па веднаш им се пофалил на пријателите кого запознал и рекол дека „воопшто не е таква како што ја претставуваат медиумите”.
Да потсетиме, во 2015. година Американската агенција за храна и лекови FDA, почнала да ја истражува работата на компанијата „Теранос”. Пронашле неправилности во тестирањето на патентот, а во исто време службениците од центарот за регулација на лабораториите, кои ги посетиле лабораториите на компанијата, пронашле големи неправилности во тестовите.
Била покрената истрага со која се истражувало колку е законско нејзиното работење, бидејќи се покажало дека на подготовка на тестот „Едисон” работеле неквалификувани лица, како и дека тестот воопшто не бил таков како што се сметало и Холмс го претставила.
Inside Elizabeth Holmes’s Final Months at Theranos: Holmes got a dog she insisted was a “wolf” and she spent the majority of the $250 million in the bank on legal fees. https://t.co/gtPpLf4xOi
— Nick Bilton (@nickbilton) February 21, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа