ФОТО: Новица се вџашил кога видел - огромен смок зад неговиот замрзнувач
Во домаќинството на Новица Ристиќ во село Бресница кај Врање, во саботата е фатен смок долг скоро 2 метри.
Змијата е пронајдена зад замрзнувачот во делот од куќата кој служи како остава.
Комуналната полиција во градот Врање во соработка со Владица Станковиќ од Здружението за заштита на влекачи и животна средина „Поскок“ интервенирале и го извлекле смокот кој потоа бил вратен во природно живеалиште.
28.04.2019 - 13:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа