Тибетантски тест кој стана хит во светот - одговорете на 3 прашања и замислете желба
Еден од најинтересните тестови за личноста е тестот за кој се тврди дека гонаправил Далај Лама.
Дали е тоа вистина или не, се вели дека тестот е многу точен, а многумина велат дека исполнува и желби.
Само три прашања и нивните одговори може да ве изненадат.
Не постојат точни и неточни одговри, туку само забавен прашалник кој ќе ви открие каква личност сте.
Пред да одговарате на прашањата, замислете си желба.
Земете лист и пенкало и започнете:
1. Подредете ги следните 5 животни по ред, започнувајќи од она кое најмногу ви се допаѓа - крава, тигар, овца, коњ, прасе.
2. Напишете по една карактеристика за овие 5 зборчиња - куче, мачка, глушец, кафе, море.
3. Сетете се на 5 личности кои ви значат во животот. Потоа поврзете ги со една од овие бои - жолта, портокалова, црвена, бела, зелена. Личностите и боите не смее да се поклопуваат.
1. Првиот одговор ги покажува вашите приоритети во животот
Крава - кариера
Тигар - гордост
Овца - љубов
Коњ - семејство
Прасе - пари
2. Описите кои ги допишавте до секое зборче се однесуваат на следново:
Карактеристиката на кучето ве опишува вас
Карактеристиката на мачката го опишува вашиот партнер
Описот на глувчето ги означува вашите непријатели
Описот на кафето го означува вашиот љубовен живот и како го доживувате истиот
Карактеристиката која му ја дадовте на морето, го опишува вашиот начин на живот
3. Боите кои ги доделивте го имаат следново значење:
Жолта - некој кој никогаш нема да го заборавите
Портокалова - некој кој го сметате за вистински пријател
Црвена - некој кој вистински го сакате
Бела - вашата сродна душа
Зелена - личност која ќе ја паметите до крајот на животот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа