Почина славниот актер - со неговите шеги луѓето се смееја до солзи

 

Актерот и комичар Тим Конвеј, најпознат по својата работа на емисијата „Шу Крол Барнет“, починал денеска во Лос Анџелес.

Конвеј имал 85 години.

-Ова познато ТВ лице долги години се бореше со болеста пред да почина - рекол за Си-Ен-Ен Хауард Брагмен, претставник на семејството Конвеј.

Неговата славна комичарска кариера вклучувала и ангажмани во емисијата како што е „Барнет Шоу“.

Тој освоил четири Еми награди за својата работа и за две гостувања во сериите „Тренер“ и „30 Рок“.

Неговата ќерка Кели и неговите пет синови Тим, Патрик, Џејми, Кори и Шон ја објавиле информација за смртта на нивниот татко со посебно соопштение за весниците кое за медиумите го пренел претставник на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега