Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина

 

Русија и Украина разменија воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана вез да го соопшти точниот број на разменети војници.

– На 12 јуни оваа година, во согласност со руско-украинскиот договор постигнат на 2 јуни годинава во Истанбул, група руски војници беше вратена од територијата контролирана од режимот на Киев. Во замена, беше предадена група воени заробеници од вооружените сили на Украина, наведува во соопштението на руското МО.

И претседателот на Украина, Володимир Зеленски потврди новата размена на воени заробеници. Тој наведе дека денеска се разменети тешко повредени војници.

На втората рунда директни преговори во Истанбул Русија и Украина се согласија да ослободат најмалку по 1.200 повредени заробеници и војници помлади од 25 години и да вратат илјадници тела на загинати војници.

12.06.2025 - 19:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега