Разбојништва во Струмица и Штип: Нападнати малолетнички, одземени чанта и пари
Денеска во 02.15 часот во СВР Струмица, А.П.Д.(42) од Струмица пријавил дека околу 01.00 часот во Струмица, неговата малолетна ќеркабила физички нападната од едно машко лице, кое ѝ ја одзело чантата. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 13.15 часот во СВР Штип, Б.Л.(74) од Штип пријавил дека околу 12.00 часот во Штип, едно машко лице со употреба на физилка сила од неговата малолетна ќерка одзело пари.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
11.06.2025 - 16:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа